Во рамки на ФИФА Купот на конфедерации Makpress.mk типува дека на натпреварот помеѓу Чиле и Австралија двата тима ќе постигнат по еден гол.
Тип: Чиле – Австралија - ГГ
Коефициент: 1.88
(Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)
Коментар:
Австралија со победа од 3 гола разлика, теоретски може да обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на конфедерации на сметка на Чиле. Иако разликата во двете репрезентации се мери во класи во корист на Чиле, а Австралија својата шанса за победа ја прокоцка против Камерун се чини дека е малку веројатно да се случи такво чудо.
Сепак од досегашните два настапи против Германија и против Камерун, може да се очекува дека репрезентацијата на Австралија ќе постигне барем еден гол на овој натпревар, пред се поради нивната офанзивна игра во нападот. Од друга страна пак, репрезентацијата на Чиле има тимска игра и одлични поединци и ако се земе во предвид фактот дека Австралија и нема толку цврста одбрана, повеќе од очекувано е репрезентацијата на Чиле да постигне барем еден гол.
Типко прогнозира дека на овој натпревар и двете репрезентации ќе постигнат барем по еден гол.
Со среќа!