Во саботниот вечерен термин од МЛС фудбалската лига на Америка, меѓу другите, силите ќе ги одмерат екипите на Чикаго и Ванкувер.

Иако натпреварот звучи како да станува збор за НБА натпревар, сепак во меѓусебен дуел ќе се борат Чикаго кој доаѓа од Источната конференција и тимот на Ванкувер кој е од западната конференција.

Makpress.mk прогнозира дека на натпреварот помеѓу Чикаго и Ванкувер, тимот на Чикаго ќе води на полувреме, ќе победи на крај и притоа на натпреварот ќе паднат 3 или повеќе гола.

Тип: Чикаго - Ванкувер – 1-1 3+

Коефициент: 3.25 (Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)

Коментар:

Тимот на Чикаго се наоѓа на второто место во Источната конференција со само еден бод помалку од лидерот Торонто. Од досегашните девет натпревари одиграни на домашен терен, тимот на Чикаго има постигнато дури осум победи и само една нерешена со постигнати 23 гола и примени 4 гола. Воедно, тимот на Чикаго е втор по примени голови на домашен терен (пред него е само Канзас Сити) во целокупната лига на МЛС.

Од другата страна пак, тимот на Ванкувер се наоѓа на седмата позиција во Западната конференција и на седум натпревари на гостински терен има забележано две победи, една нерешена и четири порази. Има постигнато девет голови а примено тринаесет.

Поради добрата игра и одличната форма во која се наоѓа домаќинот Чикаго, Makpress.mk прогнозира дека на овој натпревар тимот на Чикаго ќе води на полувреме, ќе победи на крај и притоа на натпреварот ќе паднат 3 или повеќе гола, односно натпреварот ќе заврши 1-1 3+.

Со среќа!



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2017 02:16