Екипите на Монтреал Импакт и ДС Јунајтед ги делат последните две места на табелата во Источната конференција на Америчката МЛС фудбалска лига.

Иако пред стартот на сезоната, тимот на Монтреал важеше за еден од главните фаворити за пласман во топ три екипите во оваа конференција, сепак досегашните резултати не ги оправдаа очекувањата.

Makpress.mk прогнозира дека на натпреварот помеѓу Монтреал Импакт и ДС Јунајтед домаќинот ќе постигне два или повеќе гола.

Тип: Монтреал Импакт и ДС Јунајтед – Т1 2+

Коефициент: 1.6 (Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)

Коментар:

На само 6 натпревари одиграни на домашен терен, тимот на Монтреал има забележано три победи, една нерешена и две изгубени со гол разлика од 12:9. Иако се наоѓаат на последното место во Источната конференција, екипата на Монтреал предводена од Блерим Џемаили и Пјати, во досегашниот тек од првенството покажа доста отворена игра без многу калкулации во одбраната.

Од друга страна пак, тимот на ДС Јунајтед на гостински терен постигнал 6 гола и примил 14 гола, во осум натпревари. Досегашниот скор на ДС Јунајтед во Америчката лига е далеку под просекот на скоро сите екипи, со исклучок на Минесота, која од оваа година за прв пат се најде во првата МЛС лига.

Петте изгубени натпревари на ДС Јунајтед на гостински терен од исто толку натпревари, и четирите победи на домашен терен од вкупно пет, ни дава за право да прогнозираме дека на овој натпревар, тимот на Монтреал ќе постигне минимум два гола.

Со среќа!



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2017 02:20