Славната Барселона, има свој „имењак“ и во други првенства. Љубителите на фудбалската игра и редовните играчи во спортските обложувалници добро го познаваат тимот на Барселона СЦ кој ни доаѓа од Еквадорското првенство.

Во рамки на 21 коло од оваа фудбалска лига, тимот на Барселона СЦ гостува кај екипата на Макара.

Makpress.mk прогнозира дека на натпреварот помеѓу Макара и Барселона СЦ двата тима ќе постигнат по еден гол.

Тип: Макара – Барселона СЦ – ГГ

Коефициент: 1.89 (Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)

Коментар:

Иако во рамки на Еквадорското првенство и нема изобилство од голови, сепак на овој натпревар можеме да очекуваме дека и двата тима ќе постигнат по минимум еден гол.

Последните пет натпревари, Макара на домашен терен игра 3+ а четири од нив завршуваат и ГГ3+. Од вкупно десет одиграни натпревари пред домашна публика, тимот на Макара има постигнато 14 гола и примено исто толку голови, што за критериумите на Еквадорското фудбалско првенство е повеќе од солидно.

Од друга страна пак, тимот на Барселона СЦ во последните неколку години важи за еден од најголемите фаворити за шампион во Еквадор (заедно со Емелец) и позади себе ниже голем број на победи.

Оваа сезона на гостински терен тие имаат одиграно десет натпревари, постигнато 13 гола и примено 7 гола. Моментално на Еквадорската табела, тимот на Барселона СЦ се наоѓа на второто место на минус 6 бода од годинешното изнедување и лидер на табелата, екипата на Делфин.

Ако се земе во предвид фактот, дека тимот на Барселона СЦ е благ фаворит во овој натпревар и поквалитетен тим од Макара, а од друга страна ако се земат во предвид досегашните резултати на Макара, кој успеа на тимот на Емелец да му даде дури четири гола на домашен терен, а постигна гол и против лидерот на табелата кога несреќно загуби во 85-тата минута постигнувајќи си автогол, тимот на Makpress.mk очекува дека на овој натпревар и двата тима ќе постигнат барем по еден гол.

Со среќа!



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2017 02:26