Во рамки на 15-тото коло на Норвешката „Елитесериен“ лига, се среќаваат екипите на Бран и Валеренга.
Тимот на Бран се наоѓа на втората позиција на средина од првенството додека тимот на Валеренга е шеста.
Makpress.mk прогнозира дека на натпреварот помеѓу Бран и Валеренга ќе бидат постигнати 3 или повеќе гола.
Тип: Бран - Валеренга – 3+
Коефициент: 1.79 (Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)
Коментар:
Тимот на Валеренга, традиоционално во светот на спортските обложувалници важи за тим кој дава и прима голови. Така е и оваа сезона. Во шест натпревари на гостински терен, играчите на Валеренга постигнаа девет гола а примија дури четиринаесет.
Од друга страна, тимот на Бран, оваа сезона има одличен состав кој цели кон освојување на титулата во Норвешка и по 14 одиграни кола се наоѓа на втората позиција на само два бода помалку од водечкиот Розенборг.
Импресивен е податокот дека тимот на Бран во седум кола на домашен терен има постигнато 22 гола, што е повеќе од три гола во просек на натпревар.
Со оглед на бројот на примените и дадените голови на Валеренга и со оглед на фантастичните настапи на Бран на домашен терен, тимот на Makpress.mk прогнозира дека на овој натпревар ќе бидат постигнати 3 или повеќе гола.