Во времето на летните одмори и паузата помеѓу две сезони, главни на фудбалските терени се екипите од скандинавските земји.

Кон срединта на Шведското првенство, денес се среќаваат екипите на Дјургарден и Калмар.

Makpress.mk прогнозира дека на натпреварот помеѓу Дјургарден и Калмар ќе паднат три или повеќе гола.

Тип: Дјургарден - Калмар – 3+

Коефициент: 1.7 (Коефициентот е превземен од спортските обложувалници Sport Life)

Коментар:

Тимот на Дјургарден се наоѓа на средината на табелата со само минус 4 бода од трето пласираниот Сириус а има и натпревар помалку (денешниот). На домашен терен оваа сезона од одиграни 6 натпревари, Дјургарден има забележано три победи, една нерешена и две изгубени со гол разлика од +4 (11 дадени гола и 7 примени).

Иако тимот на Дјургарден не е константен во своите игри, сепак денес за противник го има еден од послабите тимови на гостински терен оваа сезона во Шведското првенство. Тимот на Калмар во пет натпревари на гостински терен има само една нерешена и четири изгубени, со дадени два гола и примени дури 11. И во генералниот пласман на табелата тимот на Калмар се наоѓа во опасната зона на испаѓање.

Воедно, тимот на Калмар на гостински терен нема забележано победа скоро девет месеци, во сите конкуренции, односно од 06 ноември минатата година.

Makpress.mk за „позицерските“ играчи типува дека на овој натпревар, домаќинот ќе постигне два или повеќе гола (коефициент за играта Т12+ во спортските обложувалници Sport life е 1.51) а за оние похрабрите типуваме поголем коефициент, односно прогнозираме дека на натпреварот помеѓу Дјургарден и Калмар ќе паднат минимум три гола.

Со среќа!



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2017 11:54