Нови 287 книги, училишна литература за основно образование беа донирани денеска во неготинската Градска библиотека „Страшо Пинџур“ од Ротари клуб Неготино
По неполна година откако екипите на јавното комунално претпријатие од Гевгелија, по неколку претходни чистења, темелно ја исчистија преполнетата дива депонија над селото Негорци и предупредија дека ќе следуваат ригорозни казни за несовесните граѓани, денес сликата на депонијата е повторно хаотична
Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево се приклучи во одбележувањето на деновите на хуманост „Дарувај со љубов“. По тој повод, како што информираше директорката Биљана Петровска во пресрет на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во посета на установата беа лицата од Дневниот центар во Делчево
Бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов денеска беше во посета на Штип каде со градоначалникот, Иван Јорданов разговарале за проектот кој го реализира бугарската амбасада во градинката „Астибо“, но и за кампањата „Стоп на насилството“, кој го реализира сопругата на амбасадорот, Билјана Ангелова
Со поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек на влезот и излезот во и од Неготино, комплетно се финализираа работите на овој проект, информираат денеска од неготинската локална самоуправа
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, информираат утрово од ЈП Македонија пат
Штипјани во наредните пет дена на веб страницата „Нова иднина за Штип" ќе можат да даваат предлози за решавање на инфраструктурни проекти во нивните населби
Екипите на крушевското јавно-комунално претпријатие „Комуна“ од изутрината беа на терен и ги посолуваа и ги попесочуваа улиците, пристапите и јавниот простор за безбедно движење на граѓаните
Основните училишта од општина Гевгелија, од кои две се наоѓаат во градот и по едно во населените места Негорци и Миравци, од Министертвото за образование и наука ќе добијат нови наставни средства што им се потребни за реализација на наставата од областа на природните науки
Сакам да информирам дека имавме одлична конститутивна средба со претставниците на Стопанската комора до Битола, регионалната единица