Настанот го организираа здруженијата Ресурсниот центар на родители на децата со посебни потреби „Заедно Можеме“ од Гостивар, „Вера“ од Струмица, и хуманитарката Билјана Беловинова.
Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Берово склучија договор за доделување на средства за изработка на основен проект за фекална канализација со пречистителна станица во село Двориште.
Со 830 учесници, од 365 институции, во изминатите пет дена во Атина се одржа годишната конференција на европската асоцијација на зоолошки и аквариуми (ЕАЗА). Македонија и овој пат имаше свои претставници и полека, но сигурно чекори кон членство во ЕАЗА.
Во рамки на културното лето „Звуците на културата“ во општина Ѓорче Петров, познатото музичко дуо Силви Бенд утре вечер ќе настапи со својот перформанс, мјузиклот „Песни од Коштана“.
- Сакаме да поттикнеме формирање мрежи во општините и локалните самоуправи да станат потранспарентни кон граѓаните, рече Михајловска.
Во Свети Николе денеска се одржа манифестацијата „Ден на млад фармер“ во рамки на која министерот за земјоделство,шумарство и водостопанств Љупчо Николовски ја врачи и наградата за најдобар млад фармер на годината на Марио Петрев од село Амзабегово.
Во организација на општина Велес денеска со рекреативно возење на велосипеди, ролери и други алтернативни превозни средства од плоштадот „С’рмаале“ до Младинскиот парк се одбележа светскиот Ден без автомобили.
Во средното училиште „Миле Јаневски - Џингар“ во Македонска Каменица во тек се градежни активности за поставување украсна заштитна ограда во должина од 90 метри.
Општина Виница инвестира над 1,3 милиони денари за изградба на потпорни ѕидови на улицата „Иво Лола Рибар“, која е една од главните во Ромското маало. Средствата се обезбедени преку програмата за имплементација на Стратегијата за Ромите во Македонија, а дел од работите се изведуваат и со сопствено учество.
Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност, денеска стотина млади од Куманово возеа велосипед низ централните градски улици. На овој начин апелираа до сограѓаните повеќе да користат велосипед и да одат пеш.