Се почести се предупредувањата за влијанието на климатските промени во земјоделството. Експертите предлагаат примена на адаптивни мерки, а една од нив е рационалното користење на водата за наводнување.
По неколку месечен застој ќе продолжи реконструкцијата на специјалната болница за ортопедија Свети Еразмо во Охрид, најави министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета.
Чорбата се изеде а бурињата со вино се испија до последна капка,а со симболично капење во езерските води се одбележа пуштањето на ловот на пастрмката.
Со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на општина Илинден масовно го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.
Светиот крст што денеска по повод големиот христијански празник Богојавлјение Водици беше фрлен во базенот „Аквариус“ во Струмица, прв го фати Лазар Котуровиќ.
Крстот во Прилеп го фати 29 – годишниот Александар Велјаноски. На Велјаноски ова му било третпат како на овој празник го фаќа крстот, известија од Општина Прилеп.
Теодор Цветков, 23-годишен државјанин на Република Бугарија го фати крстот во Гевгелија. По крстот во водите на Вардар влегоа четириесетина верници, а првпат го фати странец.
Гостиварецот Душко Милошески беше најсреќниот меѓу двесетината гостиварци кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на прославата на Богојавление Водици во Гостивар.
Томче Голабоски, стружанец иселеник кој живее во Холандија, беше најсреќниот меѓу стотината верници кои скокнаа во водите на Црн Дрим и го фати Чесниот крст што во осветените води го положи владиката Тимотеј, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија.
Петнаесетгодишниот Петар Атанасовски од Битола е најхрабриот и најсреќниот учесник на манифестацијата посветена на празникот Богојавление-Водици што се одржа во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.