Општина Штип оваа година орденот „Свети Никола“ ќе го додели постхумно на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, соопшти на прес-конференција градоначалникот Благој Бочварски.
Студентите од пет правни факултети во Македонија денеска се натреваруваат во симулирано судење. На третиот студентски натревар учествуваат тимови од правните факултети од Скопје, Битола, Штип и од двата универзитета во Тетово – државниот и од Универзитетот на ЈИЕ.
Претставници на Владата, граѓанското општетство, регионалните организации и меѓународни експерти ќе учествуваат на панел-дискусијата насловена „Отпорноста на државите од Западен Балкан“ што ќе се одржи денеска во Скопје.
Ресторанот „Александрија“, велат организаторите, е прв хорека објект во Македонија, односно е приспособен за лицата со попреченост – има внимателно поставена рампа за влез, универзална архитектура и поставеност на влезна врата, како и специјално оспособен тоалет.
Невработеноста кај ромската етничка заедница во Македонија изнесува 75 проценти, што е двојно повеќе од националниот просек на невработеност.
Оваа година тие се во знакот на одбележување 40 години од основањето на Студиите по новинарство за кои утре на факултетот ќе се одржи свечена академија.
Согласно концесијата ние како риболовен клуб сме обврзани секоја година да извршиме порибување и тоа го правиме 6 години по ред. Како концесионери имаме потпишано договор со агенцијата за обезбедување „МК“, оттаму доаѓаат овде на наш повик.
Јавна дебата на тема: „Политичко учество на лицата со попреченост“ се одржа денеска во Куманово, во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, по повод Меѓународниот ден на човекови права.
Кривични пријави за повеќе лица поврзани со издавањето концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини, најави Ангел Наков од Здружението на граѓани „Спас за нас“ од Гевгелија.
Со инвестиции од 300 милиони евра за енергетска ефикасност во зградите во колективно домување во Македонија за пет до осум години ќе се обезбеди заштеда на 30 до 50 проценти од потрошувачката на енергија за греење и ладење.