Политичкиот прогон е секојдневно присутен. Имаше закон за амнестија, се ослободија многу луѓе. Тие луѓе кои беа во затвор беа криминалци пред се, шверцери со дрога, а богами и терористи.
Тој напомена дека Владата направила промени само во политички именуваните функционери, со луѓе кои по закон и процедура ги пополниле овие позиции, со соодветни квалификации согласно критериумите за именувања на владини функкционери.
„Од интерес на граѓаните и власта, со опозиција во парламентот можеме да имаме подобра власт" рече премиерот Заев од собраниската говорница.
Поддршка на работењето на Владата даде пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, кој оцени дека не е издржан ниту еден навод од интерпелацијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека неможе да има издржана интерепелација на пратенците од ВМРО-ДПМНЕ без да се оградат од политиките на претходното раководство.
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека на опозицијата и е суспендирано правото за поднесување амандмани истакнувајќи дека единствена работа за една година на новата власт е донесениот Закон за јазици.
Критики до власта за неисполнети ветувања од изборната програма и за влошувања на состојбата во економијата, упатија пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната интерпелација за Владата на премиерот Зоран Заев.
– Обвинувавте дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ била криминална. Па добро, ќе одговара ли некој од ДУИ? Не. Се удрила полицајката во „пајакот“. Нема да одговара никој од ДУИ. Двајца да кивнат ќе ви падне владата, реплицираше Ѓорчев.
– Ќе одговара ли некој функционер на ДУИ за тој “криминал“? – НЕМА! Зошто? Затоа што ќе ви падне Владата – рече Ѓорчев во својата реплика кон Радмила Шеќеринска.
Се чувствува ли некој во оваа влада горд што го малтретирате Сашко Кедев, што го деградирате неколку скалила? Анонимуси го деградираат Сашко Кедев, знаете ли која ќе биде последицата?
На денешната собраниска седница за интерпелација на Владата, пратеникот Самка Ибраимовски имаше интересна дискусија: