Романија е на прво место во Европа според потрошувачка на незаконски произведен алкохол.
Десетици илјади Унгарци протестираа против владата на Виктор Орбан во Будимпешта поради нападите над невладините организации и универзитетот кој е финансиран од страна на американскиот милијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос.
Гувернерот на американската сојузна држава Алабама, Роберт Бентли, поднесе оставка поради љубовна врска со една од неговите советнички.
Весникот „Њујорк тајмс“ освои вчера три награди Пулицер, за меѓународно новинарство, за ударни вести и за продлабочени статии на дадена тема.
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи ги почнаа преговорите во мај 2015 година преговори, кои создадоа реални надежи за повторно обединување на Кипар.
На словачките медиуми, кои известуваат за процесот на Брегзит, им се заканува казна од 6.600 евра за користење на неофицијалното име Британија.
Германското воено контраразузнавање води истрага за идентитетот на 275 припадници на националната армија кои што се сомничат за користење на изреката „Хајл Хитлер“.
На жителите на Пекинг денеска им е понудена награда од 500 илјади кинески јуани (68.470 евра) за пружање помош на властите за да се осуетат активностите на инфилтрираните странски шпиони.
Од денеска во Франција е во тек официјалната кампања за претседателските избори, која е предмет на строга контрола и на нови правила, јавува дописникот на МИА од Париз.
Египетскиот претседател Абдула Фатах ал Сиси прогласи тримесечна вонредна состојба по нападот на две коптски цркви, во кои загинаа 44 лица.