Русија денеска ги оцени обвинувањата на САД за руско мешање во американските избори како „хистерија, што ги прави смешни“.
Трајно решение за Косово ќе значи одржливо реалистично решение според меѓународното право, а двете страни ја дефинираат заедничката основа за взаемна согласност, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и бебзедноист Федерика Могерини, Маја Коцијанчич.
Изгоре детска градинка во северна Германија откако пожарникарите не успеаја да најдат вода за да го стават огнот под контрола поради сувото време и горештините, јави ДПА.
Германски пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што од синоќа беснее во националниот парк „Саксонска Швајцарија“. Облаци од чад се издигаат над регионот, кој се наоѓа до реката Елба во источната германска покраина Саксонија, каде е и познатиот Бастеи мост.
Германското Јавно обвинителство денеска соопшти дека на аеродромот во Амстердам бил уапсен маж, кој е осомничен дека праќал пари за финансирање на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Најмалку 25 лица загинаа, 23 други се ранети денеска при двоен самоубиствен напад во шиитска џамија во градот Гардез во источен Авганистан, извршен за време на пладневната петочна молитва, соопшти портпаролот на гувернерот на провинцијата Пактија, Абдула Хасрат.
Две лица се повредени денеска кога воз што превезувал нафта се судри со камион во близина на градот Варезе во северна Италија.
Метеоролошката служба на Португалија денеска соопшти дека на осум мерни места во земјата измерила рекорно високи темепратури на воздухот. Највисоката темпертура од 45,2 степени Целзиусови е измерена во близина на градот Абрантеш, североисточно од Лисабон.
Семејствата на кинеските патници во малезискиот авион што пред четри години исчезна на лет од Куала Лумпур до Пекинг, не го прифаќаат извештајот за исчезнувањето на леталото и бараат започнување нова истрага за случајот.
Турција секогаш ќе го користи своето право да одговори на нефер трговските мерки, со цел да ги заштити своите економски интереси, соопшти денеска турското Министерство за трговија.