Бенџамин Менди, фудбалерот на Манчестер сити, во четвртокот изјави дека долго ќе отсуствува од теренот бидејќи ги скинал лигаментите.
Јувентус, актуелниот шесткратен шампион на Италија, ќе биде лишен од услугите на еден од најдобрите играчи Миралем Пјаниќ околу еден месец поради повреда на препоните.
Серхио Агуеро, напаѓачот на Манчестер сити, доживеал тешка сообраќајна несреќа во која, за среќа, е избегната трагедија. На пат кон аеродромот, наводно, таксистот кој го возел изгубил контрола над автомобилот и со голема брзина удрил во бандера.
Дваесет и четиригодишниот Рафаел Варан досега со клубот од Мадрид освои два трофеи во Примера лигата, еден на Кралскиот куп, два на Суперкупот на Шпанија.
На прес конференцијата по натпреварот со Розенборг, Чедомир Јаневски ја честиташе победата на противникот. Истакна дека искуството на противникот во мечевите во Европа беше пресудно за триумфот
Добро прво полувреме за Вардар и покрај негативата на крајот од истото. Уште во третата минутата „црвено-црните“ немаа среќа да реализираат. Топката заврши во десната статива после ударот од околу 25 метри на Блажевски.
Фудбалерите на Барселона и на Лас Палмас меѓусебниот натпревар би требало да го играат во недела, од 16.15 часот, но како што пишуваат тамошните медиуми, најверојатно ќе биде одложен.
Пред натпреварот против Розенборг, заменик капитенот на екипата на Вардар Никола Глигоров ги искажа своите очекувања од дуелот од второто коло во групата „Л“ од Лигата на Европа.
Баерн им се поклони на Нејмар и на Мбапе. Овие двајца играчи покрај Кавани беа клучот на победата од 3-0 над Баерн од Минхен. Славеше и Челзи во продолжението на времето.
Шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски вечерва на стадионот „Леркендал“ во Трондхајм ги искажа своите очекувања од утрешниот натпревар против Розенборг.