35 – Затресувајќи ја мрежата за време на финалето на фудбалското светско првенство во 1958 година на домашен терен, Швеѓанецот Нилс Лиедхолм, со тогашните свои 35 години, 8 месеци и дваесет и еден ден, стана најстариот играч кој постигнал гол на натпреварите на првенствата. Пред почетокот на првенството во Русија 2018, тој рекорд стар 60 години сеуште важи.
36 - Судискиот комитет на FIFA назначи вкупно 36 судии и 63 судии помошници кои се претставници од 46 земји за фудбалското светско првенство во Русија 2018.
Ова вежбање се исплатеше, откако пет од десетте германски голови дојдоа како резултат на три изведени корнери, еден слободен удар и еден пенал на нивниот пат до полуфиналето против домаќинот.
38 Фудбалското светско првенство е еден од најголемите спортски настани во светот, за кое секоја земја која е љубител на фудбалот сонува да земе учество и да го освои многу посакуваниот трофеј, најголемата фудбалска награда. Досега, само девет земји успеаа да го подигнат трофејот.
39 Целзиусови степени беше температурата на Стадионот Кастелао во Фортацела кога португалскиот судија Педро Проенка даде сигнал за првата пауза која некогаш била направена на фудбалските светски првенства, на натпреварот меѓу Холандија и Мексико одигран на 29 Јуни 2014 година во текот на шеснаесетфиналето.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез денеска го објави списокот од 28 играчи за Светското првенство во Русија, кој до четврти јуни ќе го скрати на 23.
Во пост Советскиот период, Русија испиша дел од историјата на првенството кога напаѓачот Олек Шаленко стана единствениот фудбалер кој постигнал пет гола на еден натпревар, и тоа против Камерун во САД 1994 година.
41 е бројот на автоголови постигнати во историјата на фудбалското светско првенство, додека веројатно најпознат е автоголот кој го постигна Марсело овозможувајќи и предност на Хрватска на натпреварот со кој се отвори првенството во Бразил 2014.
Уругвај го обезбеди своето место во историјата станувајќи првиот тим кој го освоил пехарот на фудбалските светски првенства на стадионот Центенарио во Монтевидео на 30 Јули 1930 година, кога ги победија соседите Аргентина со 4-2 на првото финале.
43 години и три месеци – толку беше стар колумбискиот голман Фарид Мондрагон кога влезе во 85 – тата минута од натпреварот меѓу неговата земја и Јапонија на фудбалското светско првенство во Бразил 2014, со што стана најстариот играч кој некогаш настапил на светските првенства.