Во 1961 година – или попрецизно на 21 Март 1961 – Лотар Матеус му се претстави на светот во Ерланген, Германија. На тој ден, никој не можеше да замисли дека Лотар ќе прерасне во еден од најголемите и најуспешни херои на Светските првенства.
62 е бројот на натпревари на кои Англија се натпреварувала на Светското фудбалско првенство.
63 е бројот на натпревари на фудбалското светско првенство кои имале продолженија. Првиот од нив се одигра во Италија во 1934 година: 3-2 победа за Австрија над Франција.
64 дестинации покрај Русија ќе бидат посетени од страна на пехарот на фудбалското светско првенство за време на традиционалната турнеја која низ светот се одвива пред првенството.
било кои други, како Хидетоши Накита, кој се појави дури на три светски финалиња, и Кисуки Хонда, стрелецот на три гола во Јужна Африка 2010 и Бразил 2014.
66 - Колоритната традиција на маскотите на фудбалското светско првенство започна во 1966 година во Англија. Вили беше првата маскота на светското првенство – и сеуште од многумина се смета за најдобрата!
67 - Џејмс Родригез постигнуваше гол просечно на секои 67 минути на фудбалското светско првенство во Бразил во 2014 година. Колумбискиот стрелаше прецизно вкупно шест пати во текот на 400 минути поминати на теренот во Бразил.
Приближно вкупно 3.36 милиони фанови поминале низ влезовите на деветте стадиони во девет различни градови. Тоа во просек значи 68.991 гледач по натпревар, број кој може нема никогаш да биде надминат. Наредно на листата – иако сепак на некој начин позади – доаѓа Бразил 2014 (53.592) и Германија 2006 (52.491).
69 - Точно 69 секунди меѓу двата гола на Тони Крос на полуфиналето на фудбалското светско првенство во 2014 година ги уништија надежите на Бразил за освојување на титулата на домашен терен.
70 натпревари во историјата на светските првенства завршиле така што ниеден тим не успеал да постигне гол.