71 – е бројот на голови кој е постигнат на 20 – те финалиња на фудбалските светски првенства одржани до денес.
72 е бројот на години колку што вкупно постоеја фудбалските светски првенства пред конечно да се одржи во Азија. На 31 мај 1996 година, ФИФА најави дека домаќини на 17 – тото издание на најголемиот фудбалски настан ќе бидат Република Кореја и Јапонија.
73 - На 18 јуни домаќинот САД го започнаа фудбалското светско првенство во 1994 година пред 73.425 фанови, одмерувајќи си ги силите со Швајцарија на новоотворениот „Понтиак Силвердом“ на периферијата на Детроит.
74 - Кога Бразил го присвои за себе Џулс Римет пехарот по освојувањето на третата титула на фудбалското светско првенство во Мексико во 1970 година, ФИФА донесе одлука за изработка на нов пехар за десеттото светско финале во 1974 година.
75 минути патување со авион ја делат Москва од Санкт Петерсбург, двата најголеми градови во Русија и дестинации каде ќе се одржат најважните натпревари на фудбалското светско првенство во 2018 година.
Во 1976 година во Рио де Жанеиро се роди момче кое се вика Роналдо Луис Назарио Де Лима, попознат едноставно како Роналдо или Феноменот.
Единствениот нов тим на првенството во Бразил 2014 беше Босна и Херцеговина – иако таа претходно беше претставувана на светските финалиња од поранешна Југославија – додека пак Русија 2018 ќе го види дебитирањето на Панама и Исланд на Светските првенства.
Уште еден од многуте незаборавни моменти беше 1000 –иот гол во историјата на Светските првенства, постигнат од Холанѓанецот Роберт Ренсенбринк од казнениот простор против Шкотска во групната фаза.
79 – е бројот на луѓе кои биле фудбалски играчи, а потоа тренери на фудбалските светски првенства, листа на која се наоѓаат Диего Марадона, Јирген Клинсман, Дидиер Дешамп и Фабио Капело.
80 проценти од досудените пенали во 90-десет годишната историја на фудбалските светски првенства биле успешни. Ова значи дека 4 од секои 5 шутирани пенали завршиле позади гол линијата – а некои од нив се незаборавни.